Категории

Септемвриски сезонски плодови за здрав живот

Некои нутриционисти викаат дека најдобриот начин да се исхрануваме, е тоа да биде со сезонска храна.

Иако ние сме суштества на 21 век, нашите организми се’ уште имаат еволуциски уназадености, на пример, не знаат дека секогаш може да се купи и да се јаде било што. Затоа, за нив најдобро и најздраво е да јадеме она што сезонски доаѓа природно.

Погледнете подоле кои се најубавите септемвриски сезонски плодови, како и нивните нуриционистички вредности и здравствени бенефиции.

Јаболка
Во едно јаболко има 95 калории, 25 грама јаглехидрати, 4 грама влакна, 14% од потребниот дневен внес на витамин Ц и 6 % од потребниот дневен внес на Калиум. Јаболката се добри за слабеење, за срцето, се добри пробиотици и се добри за коските.

Apples

Праз
Една порција праз има 50 калории, 2 грама влакна, витамини А, Б6, Е, калциум, железо, магнезиум и манган. Има антивирални, антибактериски и антифунгални својства, и ги неутрализира штетните слободни радикали многу брзо. Го редуцира ризикот за хронични болести.

Leeks

Mоркови
Еден морков има 25 калории, 6 g јаглехидрати, 2 g влакна, 3 g шеќер и 0.5 g протеин. Има витамин А, витамин Ц, витамин К, калиум, калциум и железо. Добри се за очите, кожата и за срцевиот притисок.

Carrots

Круши
Една круша има 101 калории, 1 g протеин, 27 g протеини, 6 g влакна, витамин Ц, витамин К, калиум и бакар. Тие се добри за стомакот, имаат антиинфламаторни состојки, го снижуваат ризикот од дијабетес и помагаат со намалување на телесната тежина.

Bartlett Pears

Жалфија
Една лажица жалфија има само 6 калории, но содржи многу витамин А, калциум, калиум и железо. Одлична е за оралното здравје, помага со предменструален синдром и со симптоми на менопауза, ги намалува нивоата на шеќер во крвта, ја подобрува меморијата и го намалува „лошиот“ холестерол.

Sage

Прегледи:
650
Категории:
Здравје
Објавено на:
10.09.2020