Категории

Серија земјотреси во Скопје, вечерва втор посилен

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,
вечерва, регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје.
Овој земјотрес се случи во 18 часот и 04 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.1. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската
макросеизмичка скала.
Претходно во скопското епицентрално подрачје денеска во 16 часот и 28 минути беше почуствуван  земјотрес по Рихтерова локална магнитуда 1.9.
Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Прегледи:
366
Објавено на:
26.01.2017