Категории

Сеуште не ве повикал на втор состанок? – Можни причини за тоа

Зошто ви пишува и ви се јавува, но сеуште не ви закажал втор состанок?

Одлучил да одмори
Да знаеме дека најчесто таков чекор превземаат оние кои не се осудуваат да кажат директно дека врската е готова. Но бидејќи тие сеуште не ја ни започнале, причината за успорувањето може да биде од повеќе нешта. Можеби сака да ви подготви изненадување по повод вториот состанок или сеуште не е сигурен колку заеднички интереси имате..

Премногу е зависен од социјалните мрежи и апликациите за запознавање
Психолозите велат дека тоа се претвори во вистински проблем на двата пола во доба од 18 до 45 години – можност за стекнување на нови познанства на друштвените мрежи. Редовното одржување на онлајн флертување за многумина создава илузија дека секогаш можат да пронајдат потенцијален партнер, па спрема тоа не вреди да се брза со нештата. Таквиот „зависник“ можете да го разликувате уште на првиот состанок – најверојатно нема да се оддели од својот телефон.

Се плаши дека не ви се допаднал
Мажот може да прифати „доброволна френд-зона“ ако се сомнева дека девојката не сака да продолжи со него на романтичен начин. Во таква ситуација, одржувањето на комуникација без повик на состанок, но со пораки и повици за него значи дека го чека вистинскиот миг.

Тој е работохолик
Човек кој немал сериозна врска веќе подолго време, често се потпира на градењето на кариера толку што деловните планови му се однапред подготвени за една недела. Ако се најдете во таква ситуација ќе морате да бидете трпеливи и да чекате кога ќе ја закаже следната средба.

Премногу е срамежлив
Неизвесноста во чувствата и реакциите исто така може да биде предизвикана поради тоа што тој страда од срамежливост. Да, понекогаш оваа „болест“ ги погодува и момците кои однадвор изгледаат самоуверено поради ведриот изглед и вртоглавата кариера. Тој се плаши од одбивање па купува време обидувајќи се да открие што вистински чувствувате за него.