Категории

Сезона на Вагата: Еве на кого нема да му донесе среќа

Овие хороскопски знаци ќе мораат да се повлечат малку, да остават време за себе и да размислат што точно сакаат за да можат успешно да ја поминат оваа тешка сезона и да излезат од неа на најдобар и најбезболен начин.

Сезоната на Вага ќе им донесе тешки денови на овие знаци, но тоа ќе ги направи посилни и попаметни. Откриваме кои знаци мораат да забават малку во текот на октомври!

Риби
Дали работите стануваат премногу сериозни за вас? Знаеме дека многу ја мразите реалноста, но тоа не значи дека можете да продолжите да бегате од неа цел живот. Сезоната на Вага ќе ви помогне подобро да ги разгледате врските и ќе ви ги покаже сите работи кои треба да ги поправите. Токму тоа ќе биде предизвик за вас.

Скорпија
Време е да ја прифатите вашата осаменост. Можеби ќе се чувствувате несигурно во текот на оваа сезона, но после сонцето заоѓа во вашата мистериозна дванаесетта куќа од соништата, ќе дојде време за длабоко размислување. Дванаесеттиот дом, кој припаѓа на Рибите, е последната фаза пред да се преродите со враќањето на Сонцето.

Рак
Многу работи ви се случуваат, па време е да се вратите во вашата обвивка. Тоа не значи да се откажете од негативните емоции, туку едноставно да се одморите од сè. Веројатно веќе се чувствувате уморни, дури и од најнеопходните задачи. Па, искористете ја оваа сезона за да ја пронајдете енергија и да постигнете рамнотежа.

Прегледи:
346
Објавено на:
10.10.2019