Категории

Шафран – најскапиот зачин на светот!

Шафранот потекнува од Југозападна Азија, а истиот се добива од цвет.

Познат е по својот специфичен вкус и арома, а се додава за уникатен вкус на јадењата.

Во минатото, шафранот се користел само во благородничките куќи, доколку во куќата се користел шафран, се сметало дека во неа живее богато семејство.

Доколку некој се обидел да прави криумчарење со истиот, во минатото се предвидувало смртна казна.

Затоа, шафранот уште е познат и како најскапиот зачин на светот.

Шафранот се користи во лекови за различни заболувања, од дигестивни проблеми до менструални непријатности.

Прегледи:
253
Објавено на:
21.09.2023