Категории

Шанел колекција за пролет/лето 2022: Отменоста и суптилниот сексапил никогаш не излегуваат од мода

Модната недела во Париз е во полн ек, а најпознатите модни куќи ги претставија своите колекции за сезоната пролет/лето 2022 година.

Што ќе носат следните сезони дамите кои преферираат отмен стил на облекување, со малку сексапил, вечна класика и неминлива елеганција?

Тоа ни го покажува новата колекција на модната куќа Шанел.

Легендарниот бренд уште еднаш покажа зошто добрите работи не треба да се менуваат, како и дека никогаш нема да се откаже од својот традиционален модел.

Класичните Шанел комплети поввторно ќе бидат актуелни, додека новите трендови се следат преку новите бои и детали.

Модната куќа која ја слави женската елеганција и суптилниот сексапил претставила и елегантни, но многу атрактивни долги креации, кои може лесно да се вклопуваат со други парчиња облека, обувки и накит и што е најважно може лесно да се прилагодуваат за секоја пригода.

Дали ви се допаѓа новата колекција на Шанел?

 

Прегледи:
1492
Објавено на:
07.10.2021