Категории

Шарена салата со ориз и туна

Ако вашата фамилија или дел од неа постат за велигденските празници, ви предлагаме идеја за ручек кој е посен и нискокалоричен, а сепак премногу вкусен!

Состојки:

125 гр ориз со долго зрно

4 млади кромидчиња (или 1 помал голем)

1 чешне лук

2 црвени конзервирани пиперки (пеглани пиперки)

3 кисели краставички

6-7 маслинки

1 (200 гр) голема конзерва туна на парчиња во маслиново масло

по потреба и желба сол, црн бибер, маслиново масло, лимон

Шарена салата со ориз и туна

Подготовка:

Сварете го оризот во посолена зовриена вода.Ситно изечкајте ги лукот, кромидот, маслинките, краставичките и пиперките на мали коцкички. Откако оризот ќе подизлади измешајте се во еден длабок сад, па додадете ја туната со се маслото. Направете ја барем еден час пред служење за да можат да се спојат вкусовите. Оставете ја во фрижидер несервирана, во големиот сад каде се спремала. Потоа додадете сол, бибер, масло и лимонов сок кој смета дека сака.

Прегледи:
630
Објавено на:
21.03.2017