Категории

Шармантен есенски тренд – Пуловер и oversized кошула

Оваа есен најактуелен тренд кој модните фанатички го пречекаа со големо воодушевување се плетените пуловери во комбинација со oversized кошулите.

Трендот чија инспирација доаѓа од оние училишни униформи кои се носеа во 90-тите го освои модниот свет. Девојките го прифатија со големо воодушевување. Плетените пуловери се главно парче кога е во прашање студената сезона па секогаш ни се потребни нови креативни начини како да ги комбинираме, а во овој случај со фустаните-кошули во oversized крој изгледаат вистински шармантно. Ви споделуваме неколку одлични стајлинзи кои можат да ве упатат како да го носите најголемиот тренд оваа сезона.

Прегледи:
752
Објавено на:
08.11.2020