Категории

Шешир – задолжителен моден додаток за на плажа

Ова лето не смеете да отидете на плажа без со себе да го понесете најголемиот хит моден додаток – шеширот.

Покрај тоа што служи да ве заштити од топлината како и да ја заштити вашата коса од сушење и пукање на влакната, тој е исто така и стилско парче во кое ќе изгледате гламурозно и женствено. Во тренд се големите сламени шешири а доколку сакате уште по шик околу него врзете ја и вашата омилена марама. Комбинацијата со големи “мачкести” очила за сонце е уште еден начин да изгледа како вистинска холивудска дива.

Прегледи:
562
Објавено на:
09.07.2017