Категории

Шпанец 6 години не одел на работа, никој не го приметил!

Хоакин Гарсија е казнет со 27 000 евра, откако се открило дека не доаѓал на работа најмалку шест години.

Неговото отсуство било забележано кога требало да му се додели плаката за 20 години работен стаж. 69-годишниот Гарсија, чија работа била да ја надгледува изградбата на фабрика за пречистување на отподни води, од неодамна е пензиониран.

Тој ги негира обвиненијата, тврдејќи дека е жртва на малтретирање. Судот пресуди во корист на владата и му нареди да плати парична казна. Годишната плата на службеникот изнесувала 37 000 евра пред оданочувањето, а бил вработен во компанија со која управувала локалната власт во југозападниот град Кадиз.

Неговата казна е еднаква на едногодишната заработка бидејќи тоа е максималниот износ што компанијата може законски да го врати.

Она што е чудно, е дека за време на судската постапка, шефот на компанијата рекол дека со години не забележувал, иако неговата канцеларија била спроти онаа на Гарсија.

Компанијата смета дека Гарсија бил контролиран од страна на локалните власти. Гарсија, пак, изјави дека бил малтретиран поради политичкиот ангажман на неговото семејство и дека поради тоа бил ставен на таа позиција.

Луѓе блиски до него, за шпанскиот весник „Ел Мундо“ рекле дека не сакале да го пријават бидејќи имал семејство и се плашеле дека на оваа возраст не би можел да најде друга работа. Тие велат дека тој секој ден одел во канцеларија, но не со полно работно време и бил посветен на читање филозофска литература.

Прегледи:
468
Категории:
Кариера
Објавено на:
14.02.2016