Вашиот домашен миленик и вие одите во пакет, што е прекрасно, но кога сте во врска со личност што не ја разбира вашата љубов, можно е да имате големи проблеми во врската.
Понекогаш вашето момче, девојка, сопруг или сопруга можеби немаат многу поддршка за вас, а во поекстремни случаи можат да бидат дури и љубоморни на вашиот миленик. Затоа, за да ја одржите љубовта во една ваква заедница ви даваме неколку совети за надминување на нарушените односи:
Дознајте што точно му пречи на вашиот партнер
Ако партнерот ви забележува на влакната што ги има насекаде или на пример за тоа што му посветувате повеќе внимание на вашиот миленик, всушност сакаат да ви порачаат дека се чувствуваат како последна дупка на свиралото и како на некој начин да го искористувате, а тоа може значително да ја наруши вашата доверба.
Тргнете го миленикот од прв план
Кога еднаш сте го идентификувале проблемот, сконцентрирајте се на чувствата на вашиот партнер, а не на неговите критики упатени на сметка на вашиот миленик или на тоа како вие се однесувате кон него. Ако се поставите премногу заштитнички кон вашиот миленик, таков гард само ја влошува ситуацијата и може да доведе до тоа навистина да го повредите својот партнер.
Ангажирајте ги!
Ако вашиот партнер чувствува дека е исклучен од односот што го негувате со својот миленик, осмислете некои заеднички активности само за нив двајца. Можеби вашиот партнер ќе може да го научи вашето куче на некои симпатични трикови или пак сопругата може вашата мачка да ја научи на некоја нова игра. Конечно, вашиот миленик може да му се придружи на вашиот партнер во неговите омилени активности, како на пример, додека трча или пак додека гледа телевизија.
Никој не вели дека одржувањето на односите со партнерот или поседувањето на домашен миленик е лесно, но со малку труд се$ може да се избалансира и да се доведе во состојба на хармонија.
Извор : Убавина&Здравје.мк