Категории

Што да очекувате од есен 2016: Јарците ќе бидат депресивни, Биковите ќе го прошират семејството

Лав

Оваа есен никако нема да може да го споите успехот со емотивниот и приватен комфор.

Можна е тага или каење заради преселба или губење на контакт од било која причина со блиска личност, бидете подготвени.

Избегнувајте трошење големи суми на пари или инвестирање во ризични проекти. Единствено вие сте виновни за вашите финансиски проблеми.

Важна улога оваа есен ќе има маж во знакот на Лав, Овен или Стрелец.

Девица

Оваа есен пред да направите било што, мора да си ја средите финансиската ситуација. Побарајте помош од човек во знакот на Водолија, Вага или Близнаци.

Избегнувајте да го кажувате вашето мислење освен ако пријателите и роднините не го побараат тоа од вас. Ќе бидете претерано строги.

Можна е мала загуба на пари на неквалитетни производи.

Очекувајте бизнис промена која ќе ве натера да сфатите дека тајмингот е најважен.

Подгответе се за многу подароци со сентиментално значење.

Вага

Оваа есен енергијата насочете ја за да ги решите проблемите во кругот на семејството.

Од важно значење ќе ви бидат мислењата од личности родени во знакот на Риби, Скорпија или Рак.

Љубовните недоразбирања може да се влошат ако не бидете отворени за компромис.

Запознавањето на нови личности ќе ви донесе емотивни промени.

Не заборавајте да им помогнете на роднините во тешките моменти.

Скорпија

Оваа есен очекувајте новитети и важни вести од страна на млада девојка во кругот на вашето семејство. Не ги игнорирајте нејзините предлози.

Многу жени Скорпии ќе го искусат мајчинството токму овој период.

Можни се емотивни нестабилни моменти, но секогаш е подобро кога се надевате на подобро утре. Не ја губете надежта.

Обидете се да бидете потивки и посмирени околу работата. Можна е примамлива понуда за напредок или преселба, но не заборавајте да се консултирате со семејството.

1 2 3

Прегледи:
728
Објавено на:
21.09.2016