Категории

Што е Black Friday?

Black Friday е денот којшто го означува почетокот на божиќната шопинг сезона во САД.

Се паѓа веднаш по Денот на благодарноста (Thanksgiving), којшто е на четвтиот четврток од ноември.

Black Friday е познат по огромните малопродажни попусти и промоции, при што многу продавници нудат значително намалување на цените на широк спектар на производи.

Се верува дека терминот Black Friday потекнува од 1960-тите и првично се користел за да се опише густиот и вознемирувачки сообраќај на пешаци и возила којшто се случувал по Денот на благодарноста.

Со текот на времето, употребата на овој термин се пренасочил кон трговците.

Имено, тие ќе почнат да остваруваат профит и ќе се префрлат „од црвено“ во „во црно“(профитабилно) благодарение на зголемената продажба во овој период.

Овој тренд со текот на времето се прошири и надвор од Соединетите Американски Држави и стана популарна традиција секоја година.

Токму утре (24.11.2023) е Black Friday, дали се подготвивте?