Категории

Што е „црн петок“ и како настанал?

„Црн петок“ (Black friday) е првиот ноемвриски петок по Денот на благодарноста кој го одбележуваат попустите на производите и услугите што значи почеток на новогодишните празници и пазарења. 

Историјата на „Црн петок“ во 1869:

Употребата на поимот „црн петок“ е забележана во однос на финансиската криза: конкретно падот на златото во САД во 1869. Двајца брокери од Вол Стрит, работеле заедно како би можеле да купат што повеќе злато, надевајќи се дека цената ќе биде огромна и ќе можат да го продадат златото за висока сума. Тој петок, 1869 година заверата е конечно откриена, праќајќи ја берзата во слободен пад со што банкротирале сите на Вол Стрит.

1950:

Во 1950 година, полицијата во Филаделфија го употребила поимот „црн петок“ за да го опише хаосот кој следел ден по Денот на благодарноста, кога голем број на купувачи и туристи го преплавиле градот пред големиот натпревар помеѓу војската и морнарицата, кој се одржувал секоја година по Денот на благодарноста.

Прегледи:
453
Објавено на:
25.11.2021