Овие млади девојки секојдневно се соочуваат со бројни погрдни коментари, исмејувања, осудувања.. Начинот на кој тие изгледаат е причината зошто тие се третирани така.
Што всушност е убавината? зборуваат тие..
Погледнете ги потресните видеа кои тие ги изработиле со цел да допрат до светот и да му кажат дека убавината не е она со кое секојдневно се среќаваме во огледалото. Убавината не е совршеното лице без акни и виткото тело, убавината не е она што трендовите ни го наметнуваат како полните усни, совршената порцеланска насмевка, и симетричноста на лицето со правилни црти.. Не постои пример за вистинската убавина, бидејќи вистинската убавина е насекаде, во сите нас.
Тоа што некој изгледа поинаку од другиот не го прави помалку убав. Ниту еден од тие недостатоци не сведочи за тоа дека личноста е помалку вредна. Вистинската убавина се крие во мислите и начинот на кој личноста го гледа светот. Овие девојки ќе ви ги раскажат своите приказни и како тие со помош на шминката се обидуваат да го сокријат тоа за кое целиот живот биле исмејувани и омаловажувани.
Тие ќе ве натераат да верувате во својата убавина и никогаш да не дозволувате некој да ве убеди во спротивното.
#Lizzie Velasquez
#Jordan Bone
#Em Ford
#Danielle Mansutti