Категории

Што предизвикува треперење на капакот народски познато како „играње на окото“?

Штетните животни навики се една од причините за оваа појава.

Дали некогаш ви се случило да почувствувате како очниот капак започнува да трепери?Не грижете се бидејќи тоа е нешто што се случува секому, но не е баш пријатно, а посебно поради тоа што не можеме да го контролираме.

Сте се запрашале ли која е причината за оваа појава? Овде ќе наведеме неколку причини.

Причината поради која се треперат капаците е стресот. Познато е колку е стресот опасен и што се од него може да настане. Покрај стресот, причина за оваа појава можат да бидат и некои лоши навики како пушењето, големото количество на кофеин. Исто така, доколку сте уморни може да почне да ви „игра окото“ поради воспаление на капаците. Доколку имате некои поголеми проблеми, тогаш консултирајте се со офталмолог.