Категории

Што говори бојата на очите за мажот? Синооките се срамежливи, зеленооките љубоморни!

Бојата на очите на мажот говори многу за него. Барем така тврдат научниците кои дошле до сознанието дека врз основа на бојата на очите на мажот може да се открие каков ќе биде во врска: верен, љубоморен, нежен…

Статистиката кажува дека мажите со сини очи се најпривлечни за жените. По природа се многу дружељубиви, имаат одлична смисла за хумор, поради што се омилени во секое друштво. Во однос на спротивниот пол, синооките мажи знаат да бидат многу срамежливи, но само додека се опуштат. Кога еднаш ќе осетат дека се на сигурен терен, ќе ве изненади нивната отвореност и комуникативност. Иако најчесто се фини, знаат да бараат многу, па дури и да бидат напорни!
Сиво-сини очи

Сонувачи по природа, мажите со сиво-сини очи честопати имаат проблеми да се сконцентрираат на работата. Иако се многу креативни, тешко успеваат да заработат преку своите квалитети. Меѓутоа, она што ги попречува на патот кон успехот им е голем плус во љубовта.

Со својот детски шарм и нежност лесно успеваат да ги освојат срцата на спротивниот пол. Имаат потешкотии да одржат врска. Поради својата склоност кон идеализирање, честопати не ги препознаваат проблемите на време, па може да им се случи да останат со скршено срце.

Зелени очи

Зелените очи се многу ретки, па не е ни чудо што луѓето со оваа боја на очи имаат посебни квалитети. Стабилни и во исто време сонувачи, одлучни, свесни за своите квалитети, зеленооките мажи лесно препознаваат добра прилика кога ќе им се укаже.

Имаат решение за секој проблем и доволно трпение да се изборат со тоа. Строги се, но праведни. Иако важат за големи заводници, кога еднаш ќе се „скрасат“, многу се верни.

Кафеави очи

Мажите со кафеави очи најчесто се многу затворени личности и индивидуалисти. Не поднесуваат никаков вид на притисок и секогаш настојуваат работите да ги завршат сами, без ничија помош. Најчесто имаат успешна кариера. Кога станува збор за љубовта, склони се кон кратки и неконвенционални врски.

Ги привлекува секаков предизвик, непостојани се и не постои одреден тип на жена која им се допаѓа. Секоја која моментално им го задржува вниманието е таа „вистинската“. Дури во зрелите години се во состојба во потполност да се посветат на својата партнерка.

Црни очи

И оваа боја на очи ретко се среќава. Мажите со црни очи се по правило одговорни личности. Сакаат деца и многу се приврзани кон семејството и пријателите.

Кон партнерките се однесуваат нежно. Иако не се класични мачо типови, сакаат да се знае кој е машко во врската. Иако во другите сфери од животот им недостасува креативност, жените ги сметаат за одлични љубовници, секогаш спремни да ги задоволат нивните желби.

Прегледи:
838
Објавено на:
18.01.2022