Категории

Што и да правиш, биди нежна кон себе

На крајот од денот, ти си таа со која живееш секојдневно, биди нежна и биди љубезна кон себеси!

Биди нежна спрема себеси, секогаш.
Во физичка смисла, грижи се за себе. Негувај се себеси, твоето тело, издвои време за топла купка, омилениот крем за тело, дневна рутина за нега на лицето, нека тоа биде твој ритуал, време посветено само на тебе.
Биди добра спрема себеси. Немој да се критикуваш, немој да си замеруваш на себеси. Охрабрувај се, и за најмалите достигнувања, и за оние речиси неважните, речи си браво, дај си пофалба на себеси.
Не биди злопамтило, не собирај зло во себеси.
Одмарај, спиј доволно и квалитетно. Изгасни го телефонот. Оддалечи се од негативните луѓе. Биди сама, запали миризлива свеќа, пушти тивка музика и опушти се.
Читај, танцувај, движи се.
Шетај, сама, тогаш им даваш време на своите мисли да се отпуштат.
Биди благодарна што си тука, што си здрава, за се што поседуваш.
Грижи се за твојот организам. Јади овошје и зеленчук, биди активна, смеј се.
Простувај и сакај.
Гушкај ги блиските луѓе.
Патувај, кога и колку можеш. Поминувај време со луѓе кои те прават да се чувствуваш безгрижно и исполнето. Поминувај време со животните.
Ако ти се плаче, плачи, исфрли се од себе. Но биди љубезна спрема себеси, биди добра, како спрема некој кој неизмерно го сакаш. Ти живееш во твоето тело секој ден, тоа е твој дом, направи го престојот пријатен. Внимавај на себе!

Прегледи:
557
Објавено на:
23.12.2019