Категории

Што и да ви направат другите – Вашата вредност никогаш не се менува!

Барајте луѓе кои ќе ја сакаат онаа страна од вас што никој не ја сака. Што ќе ги соберат оние скршени делови од вас што некои други луѓе ги скршиле. Некој кој ќе те прифати како што понекогаш не можеш ни себеси да се прифатиш. Барајте некој што ќе ви каже дека вредите. Но, ако немате среќа да пронајдете некој таков денес, бидете си сами таа личност на себеси, кажете си и повторете го истото повторно и погласно отколку што прво кажавте за никогаш да не заборавиме. „Што и да ви направат другите – Вашата вредност никогаш не се менува!“

Секое утро барајте подобра верзија од себе. Верзија во која можете да станете само, доколку се откажете од минатото. Ако престанеш да гледаш кој што ти направил и да размислуваш како ќе му вратиш животот ќе стане поинаков. Животот е едноставен кога сакате да биде едноставен и комплициран кога мислите дека е комплициран. Само верувајте дека сте способни за поголеми работи отколку што некогаш сте мислеле. Бидејќи кога ќе се обидете, само тогаш ќе видите што можете да направите. Бидете свесни за можностите што ги носи новиот ден.