Категории

Што кажуваат вашите подароци за вас?

Избравте екстравагантен подарок или повеќе сакате да подарувате практични предмети за домаќинството? Изборот на подароците понекогаш зборува за вас многу повеќе отколку што можеби мислите.

Екстравагантни подароци

Овие подароци, во најмала рака оригинални, покажуваат јасна потреба за признавање. Лицето кое дава екстравагантен подарок очекува комплименти, восхит и внимание. Ова, исто така, ја покажува желбата да се покаже моќ и супериорност, но и мала доза на агресија. Таквите подароци се типични за луѓето кои бараат прошка или кои живеат со чувство на вина, односно чувство дека не добиваат доволно внимание во нивниот секојдневен живот.

Корисни подароци

Ако добиете некој корисен и практичен подарок, тоа значи дека лицето кое ви го подарува  покажува учество во вашиот живот. Практичните подароци не се имагинативни секогаш, но покажуваат дека дарителот сака да ви даде одредена улога во животот. Истата не е нужно онаа која ја посакувате. Но практичните подароци не треба да се потценуваат. Корисните подароци можат да бидат навистина ефикасни.

Подарок каков би сакале за себе

Ако подарувате подарок каков што би го избрале за себе, тогаш сте личност која сака да подели дел од својот свет со другите. Таквите луѓе бараат одредена доза на интимност со примателот.
Но, ако не размислувате за желбите и личноста на примателот, можеби сте себични. Секој човек има себична потреба да постои преку другите луѓе, како и преку себе.

Универзални подароци

Универзалните подароци се обично ваучери, вино, јадење, а обично се поврзуваат со мрзливоста. Целата идеја зад подароците вклучува елемент на изненадување, кој сите го сакаме. Ако на некоја личност сакате да и подарите личен подарок, за да покажете дека сте заинтересирани за нив, никогаш не треба да се купуваат универзалните подароци, дури и ако се плаште дека ќе згрешите при изборот на подарокот.