Гледањето директно во Сонцето може да направи проблеми со очите, а многу поопасно може да биде гледањето на нашата ѕвезда низ телескоп без филтри.
Астрономот Марк Томсон, направи несекојдневен експеримент кој вклучува око слично на човечкото и аматерски телескоп.
За експериментот, Томсон искористи свинско око и многу сликовите покажа што може да се случи со окото по само 20 секунди гледање во Сонцето без заштита.
Инспирацијата за неговиот експеримент е транзитот на Меркур преку сонцето кој ќе се случи денеска, а ако временските услови дозволуваат, ќе може да се гледа и од Македонија.