Категории

Што може да се случи ако го користите вашиот телефон пред спиење

Користењето на телефонот непосредно пред спиење може да влијае на вашето здравје повеќе отколку што мислите.

1. Проблеми со очите
Ако некогаш сте почувствувале дека видот ненадејно ви се заматил откако сте поминале часови на вашиот телефон, дефинитивно не сте сами. Кога поминувате многу време на вашиот телефон тоа може да доведе до напрегање на очите, познато и како уморни очи. За да ги заштитите очите, обидете се да ја намалите осветленоста на екранот и избегнувајте да го користите телефонот предолго.

2. Може да ви го наруши сонот.
Кога конечно ќе легнетепосле долг ден, можеби ќе ви биде примамливо да поминете уште малку време на проверка на вашите пораки или читање вести. Но, оваа навика не е толку безопасна како што може да изгледа, а користењето на телефонот пред спиење може да спречи да имате добар сон. Светлната од вашиот паметен телефон не само што влијае на вашиот вид, туку може да го наруши и циклусот сон-будење, што пак може да предизвика повеќе здравствени компликации.

3. Може да доведе до болка во вратот.
Ако сте запознаени со досадното чувство на болка во вратот, тогаш користењето на телефонот во кревет може да ја влоши постоечката состојба. Кога ја навалувате главата напред за да погледнете на екранот, ги напрегате мускулите на вратот.  Ако не можете да замислите да легнете без да го проверите телефонот, обидете се да го држите на ниво на очите за да избегнете оптоварување на мускулите.

4.Вашата кожа побрзо ќе старее.
Можеби трошите многу пари на скапа нега на кожата, но нешто едноставно како користење на телефонот во кревет може да ги саботира сите ваши напори. Кога гледате надолу во вашиот телефон, тоа предизвикува да развиете линии и набори , што пак може да направи да изгледате постаро.

Дали го користите телефонот пред спиење? Дали некогаш сте се обиделе да ја прекинете оваа навика?

Прегледи:
380
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
05.07.2022