Категории

Што може да се случи ако „се стискате“ за во тоалет?

Со текот на времето учиме да го контролираме нагонот за мокрење, но како старееме правиме сѐ повеќе непромислени работи и дозволуваме умот да раководи со телото на многу неразумни начини како, на пример, да „се стискаме“ за во тоалет. 

Бешиката може да издржи околу половина литар урина, а потоа попушта па, затоа, може да се случи и да си „појде“ сама и без ваша контрола. Ако премногу се воздржувате за да одите во тоалет регулаторниот мускул слабее и може да се случи почесто да ја мокрите долната облека.
Речиси половина од жените добиле воспаление на уринарниот тракт како резултат на предолго воздржување. Ова воспаление настанува поради зголемениот број на бактерии кој се наталожува во уринарниот тракт и предизвикува јадеж и карлични болки.
Бактериите кои се наталожуваат во овој реон можат да предизвикаат и други несакани појави како зголемена телесна температура, треска и грчење па, затоа, наместо да се воздржувате едноставно појдете до тоалет.
Извор: Кајгана
Прегледи:
385
Објавено на:
27.07.2017