Категории

Што можете да јадете навечер, а да не се здебелите

Доцна е навечер, а вие заглавивте со филмови и имате огромна потреба да изедете еден голем сладолед, пудинг или колач.

За вас пронајдовме неколку рецепти кои се многу вкусни и кои ќе ви помогнат да се засладите без тоа да влијае на вашата линија.

1. Јаболка со цимет

Исецкајте јаболка на тенки кришки или коцки и врз нив ставете цимет. Уживајте во освежувачкиот слатко-кисел вкус.

2. Сирови бомбици

Измешајте шолја урми, ¾ шолја бадеми, ¾ шолја ореви, 2 големи лажици чиа семки, 2 големи лажици ленено семе и 1 голема лажица кокосово масло.

Сите состојки ставете ги во блендер миксирајте додека смесата не стане еднолична. Потоа со рака направете топчиња и ставете ги во фрижидер. По желба можете да ги натопите во топено темно чоколадо и кокос за да изгледаат уште поубаво.

2

3. Сладолед од банани

Исецкајте 4 банани на ситни парченца и ставете ги во замрзнувач. После неколку часа извадете ги и ставете ги во блендер. Убаво изблендирајте ги и добивте вкусен сладолед. Во него можете да додадете путер од кикирики, лешници, кокос, цимет, а може и само така да го јадете.

3

 Имајте добар апетит!

Прегледи:
543
Објавено на:
11.06.2016