Доколку добро и внимателно ја набљудувате личноста која ја гледате за прв пат, можете да дознаете многу нешта за неа, затоа кога следниот пат ќе запознаете некој добро погледнете го и еве што можете да откриете:
Нивните особини
Можете да процените нечии особини врз темел на тоа колку е отворен или затворен во комуникацијата. Стручњаците велат дека само преку гледање на фотографијата на некого во опуштена поза, можеме да препознаеме дали дотичната личност е емотивно стабилна, пријатна за дружење или осамена.
Социјален и економски статус
Студиите објавени во еден магазин покажуваат дека луѓето од високиот социјален и економски статус често не се внимателни во текот на разговорите. На пример, не се трудат да учествуваат во разговорт кој можеби не е во сферата на нивниот интерес па прават некои од следните нешта, не климаат со главата и не ја возвраќаат насмевката.
Од друга страна, личностите од низок социјален и економски статус се склони во потполност да го посветат своето внимание на соговорникот без оглед на тоа колку темата им е досадна.
Дали ве сметаат за привлечни
Од говорот на телото можете да препознаете дали личноста спрема вас чувствува привлечност. Подигнатите веѓи и насмеаните очи во текот на разговорт, пристојното оближување на усните, несвесното допирање на сопствениот врат.. Ако сте забележале некои од овие „знаци“ кај својот соговорник, голема е веројатноста дека му се допаѓате.