Категории

Што мрази секој хороскопски знак?

Астрологијата се обидува да создаде точна и целосна слика за секој знак, притоа нагласувајќи ги и позитивните и негативните карактеристики. Работите кои ги сакаме и мразиме може да ни помогнат подобро да се разбираме и да се поврземе. Погледнете кои работи ги мрази секој хороскопски знак.

Овен

Овните се секогаш брзи, точни и никогаш не доцнат. Па, поради ова тие мразат луѓе кои се бавни или кои доцнат. Но, ова не важи само за луѓето. Тие ги мразат и автобусите и авионите кои не се на време. Ако сакате да ги задржите како пријатели, или пак сакате да го освоите нивното срце, морате да бидете директни и секогаш да преминувате на главното. Исто така, многу е веројатно Овните да ве стават на нивната „лоша листа“ доколку не им одговорите кога ви ѕвонат.

Бик

Биковите си имаат нивен начин на кој што сакаат работите да бидат завршени. Тие обожаваат да планираат и ништо не ѝ оставаат на случајноста. За разлика од Овните, Биковите не се брзаат и сакаат правилно да ги извршат обврските. Трпеливоста е една од најдобрите карактеристики кај нив. Па затоа, изненадувања и ненадејни промени се нешто кое навистина го мразат. Овие обожаватели на храна исто така мразат лоши готвачи, брза храна и неуредни луѓе. Биковите не сакаат јавно да говорат ниту пак да бидат игнорирани.

Близнаци

Овие дружељубиви суштества обожаваат кога се во центарот на вниманието. Тие сакаат да се забавуваат и никогаш не им е доста. Ако забавата не се одвива како што тие сакаат, многу брзо им станува здодевно. Па не е изненадувачки фактот дека тие мразат кога ќе им речете да бидат тивки. Близнаците мразат луѓе кои одат, зборуваат и се движат бавно. Тие се оптимисти и не ги сакаат луѓето кои се песимисти и кои немаат смисла за хумор. Тие уживаат во добро вино и навистина мразат кога чевлите не им се удобни за танцување.

Рак

Ова сигурно е текст што Раковите не сакаат да го читаат, а причината за тоа е што тие навистина мразат критики. За Раковите е навистина тешко да ги покажат чувствата и не сакаат да споделуваат делови од нивниот приватен живот. Поради нивната сентиментална природа, тие не сакаат да гледаат филмови со насилство. Ако имате Рак на преспивање, погрижете се дека нема да преспие во дневната соба. Исто така, потрудете се температурата на собата да биде идеална за нив.

Лав

Овој егоцентричен знак го мрази секој што е подобар од него. Без разлика дали знаете повеќе, имате поубава облека или вашата мачка е подобра од нивната, Лавовите ќе ве мразат. Ако некој ги провоцира или игнорира нивните напори да бидат центар на вниманието, тие се чувствуваат разочарано. Тие сметаат дека се вистински заводници и сензуални луѓе, па подобро да избегнете несогласување со нив. Лавовите исто така не сакаат некој да им кажува да забават.

Девица

Овој знак е Шерлок Холмс во астрологијата и секогаш сака работите да бидат завршени правилно. Девиците се аналитичари и многу внимаваат на деталите, па забележуваат работи кои обичните луѓе ги игнорираат. Ако сте неуредни и неорганизирани, многу е веројатно Девиците да ве мразат. Ако не носите рачен часовник, тие ќе ве гледаат како личност која не е организирана. Тие мразат кога некој ги допира или ги поместува нивните работи. За да оставите добар впечаток кај Девица, важно е сè да ви биде под контрола. Исто така, користењето на лош јазик е забрането кај Девиците.

Вага

Секогаш обидувајќи се да одржат рамнотежа и да го одделат лошото од доброто, Вагите навистина мразат суровост кон животните и корисници на дрога. Тие едноставно не можат да сфатат зошто некој би го прекршувал законот. Од друга страна, тие мразат рестрикции. Тие секогаш се обидуваат да одржат рамнотежа, па кога ќе ги замолите за нешто, добро е да ја вратите услугата. Тие сакаат да слушаат гласна музика и мразат кога некој ќе им рече да го намалат тонот.

Скорпија

Бидејќи се полни со самодоверба и се независни, Скорпиите навистина мразат луѓе кои постојано бараат одобрување. Скорпиите мразат луѓе со посесивно и опсесивно однесување, иако е познато дека тие ги имаат токму овие карактеристики. Тие мразат лажговци и луѓе кои позајмуваат работи а потоа не ги враќаат. Скорпиите не сакаат негативни луѓе и луѓе кои ги обвинуваат за нешто без цврст доказ.

Стрелец

Стрелците сакаат да преземаат ризици и никогаш не се жалат. Можеби ова е причината што тие не ги ценат луѓето кои не ризикуваат и кои постојано се жалат. Многу е веројатно дека ќе ви се налутат ако доцните, па гледајте секогаш да бидете на време кога ве чека некој Стрелец. И, ако грешите за нешто, подобро признајте. Стрелците се едни од најнетрпеливите знаци, па бидете внимателни. Тие не се спонтани и не го сакаат традиционалното.

Јарец

Никогаш не им давајте ветување кое не можете да го одржите. Ова е нешто што Јарците го мразат повеќе од сè. Тие не можат да ги поднесат луѓето кои бараат заем и никогаш не треба да ги земате здраво за готово. Јарците исто така не сакаат сцени и многу лесно се посрамотуваат. Поради недостатокот на самодоверба, тие не ги сакаат луѓето кои се сомневаат во нив. Јарците се доста критички настроени и не им е проблем да ви кажат дека не им се допаѓа начинот на кој ги одгледувате вашите деца.

Водолија

Ако сте арогантни, бидете свесни дека Водолиите ќе ве мразат. Тие не сакаат да зборуваат за минатото бидејќи секогаш живеат во сегашниот момент. Овие искрени луѓе сакаат да имаат пријатели на коишто можат да се потпрат, и навистина мразат доколку некој се сомнева во нивната лојалност. Тие исто така не сакаат да им кажувате дека не се во право. Водолиите не можат ни да замислат работи кои би ги оттргнале од нивната удобна зона. Иако се зависници од технологија, тие не уживаат во нејзино купување токму поради оваа причина.

Риби

Рибите мразат кога некој им кажува што да прават. За нив е здодевно да следат правила и не можат да ги поднесат агресивните луѓе. Тие навистина уживаат кога секој си ја гледа својата работа. Бидејќи Рибите живеат во свој свет, тие мразат кога луѓето не можат да ги разберат и за нив е фрустрирачки кога некој ги обесхрабрува. Рибите се неорганизирани, па многу често губат работи. И покрај тоа, ова е една од работите која навистина ја мразат. Тие исто така не ги сакаат луѓето кои пијат премногу алкохол.

Прегледи:
492
Објавено на:
20.06.2017