Категории

Што не треба да носите во торбата за на плажа

Добро е да се знае кои работи никогаш не треба да се носат со себе во торбата за на плажа.

Запишани пин кодови од картичките

Носење на ливчиња на кои ги имате запишано пин-кодовите од картичките или кодот за алармот од вашиот дом, по никоја цена не треба да ги носите во вашиот паричник. Ако не можете да ги запомните лозинките тогаш меморирајте ги во вашиот мобилен телефон, кој исто така треба да има лозинка за отклучување.

Сите кредитни картички

Доколку поседувате повеќе кредитни картички не ги носете сите секогаш со себе, туку само оние кои најчесто ги користите. Така ќе си ја олесните постапката за откажување на картичките во случај да останете без паричник, а и ќе имате друга кредитна картичка која ќе може да ја користите додека не добиете нова за онаа која сте ја изгубиле.

Премногу готовина

Доколку подигнете поголем износ на готовина, со себе носете онолку пари колку што ви се потребни за дневни трошоци, а остатокот оставете го дома на сигурно место, а доколку сте на летување тогаш парите оставете ги во сефовите во хотелот во кој престојувате.

Сметки

Нека ви прејде во навика сметките кои во текот на денот сте ги собрале и сте ги платиле, навечер да ги извадите од чантата и да ги подредите во една папка и да ги имате за секој случај ако треба да ја замените купената роба. Не е добро да ги носите сметките со вас бидејќи на нив може да се видат податоците за ваштата банковна картичка како и вашиот потпис , а тоа крадците може да го злоупотребат.

Пасош

Кога сте во некоја странска земја пасошот оставете го во хотелскиот сеф или на некое друго сигурно место. Направете фотокопија од пасошот кој ќе го држите во својот паричник во случај да ви треба идентификациски документ. Никој не сака да доживува непријатности кога ќе го изгуби пасошот во туѓа земја.

Прегледи:
363
Објавено на:
21.07.2016