Категории

Што не треба да правите кога грми?

Меѓу најчесто поставуваните прашања на граѓаните е што да правите кога ќе почне да грми.

Еве неколку совети од метеоролозите:

Громот може да удри и кога олујата е оддалечена и 16 километри од вас;

-Никако немојте да барате заштита под дрво, особено не под осамено дрво;

-Ако сте во домот и знаете дека се подготвува невреме, затворете ги вратите и прозорците, исклучете ги електричните апарати, посебно оние што во моментот не ви требаат – бојлер, телевизор…

-Ако сте во автомобил, немојте да се плашите од громот, ако сте во затворен објект, останете таму додека да престане невремето.

-Ако сте на отворено, никако немојте да легнувате на земја, затоа што тогаш сте со целата површина на телото во контакт со почвата. Оваа површина мора да биде колку е можно помала. Подобро е да клекнете со главата меѓу колената. Во оваа положба избегнувајте Косата да ви ја допира земјата. Ако невремето е во тек, никако немојте да се обидувате да поправате оштетени делови од куќата.

-Ако грми немојте да користите телефони, без разлика дали се фиксни или мобилни. Мобилните телефони задолжително треба да се исклучат, посебно ако не сте во затворен простор. Запомнете дека фиксните телефони користат електрична енергија. Избегнувајте метални предмети затоа што тие се одлични проводници на електрична енергија.

Прегледи:
779
Објавено на:
02.07.2016