Празничната сезона започна а со тоа и периодот за купување подароци. Затоа време е да се прошетате низ продавниците и да се впуштите во потрага по идеалниот подарок за своите најблиски.
Некои луѓе имаат талент и дарба да одберат одличен подарок, но на добар дел им е потребна мала помош. Идеите не секогаш доаѓаат така лесно. Затоа ние ви откриваме каков подарок би сакал да добие секој хороскопски знак во пресрет на празниците…
Овен
Овој знак обожава новитети. Нема да погрешите доколку им купите безжични слушалки за мобилен, а нема да се противат и на нов мобилен телефон.
Сакаат забавни нешта кои носат доза адреналин и авантура, па пријатно ќе ги изненадите со платени часови за качување на вештачка карпа, брканица со ласери, картинг или летање со параглајдер.
Одлична идеја за подарок е и спортска опрема која добро се вклопува со изборот на нивната физичка активност.
Бик
Сензуалните Бикови се љубители на облеката. Комфорен, но скап дебел џемпер, свилени пижами или долна облека. Неколку различни шишиња добро вино или увозни брендови на пиво во добро завиткана кутија се идеален поклон за нов.
Близнаци
Близнаците сакаат забави 24/7 и најмногу од сè, сакаат да бидат добро информирани. Доколку им овозможите некоја карта за некој концерт ќе бидат среќни. Бидејќи сакаат да гестикулираат со рацете, идеален подарок за жената близнаци е скап маникир или сет за домашен маникир, доколку е вешта самата да си го направи.
Рак
Гаџет за музика во облик на старинско радио или грамофон ќе им го привлече вниманието, како и луксузен готвач за специфична храна. Карти за опера и балет се исто така еден од подобрите подароци за Раковите.
Лав
Сè што сјае го сака Лавот – накит, шминка или некоја скриена тетоважа.
Добро парче облека како квалитетна кошула или кожена јакна и модни додатоци од типот на огромни шалови и шешири кои веднаш влегуваат во очите на околината.
Производи или апарати наменети за нега и стилизирање на косата се одличен избор за Лавиците, а генерално обожуваат карти за театарски претстави.
Девица
Сè што ќе го направи животот полесен и поедноставен е одлична идеја за подарок за Девиците. Со еден збор, тоа што другите ќе го сметаат за здодевно, Девицата ќе го дочека со ентузијазам.
Ароматични свеќи за домот, средства за одржување хигиена на природна база или организатори за облека, чевли или ситници.
За себе посакуваат органска козметика која ќе им даде свежина и сјај на лицето и телото. Доколку вашиот избор е накит за Девицата, нема да погрешите со тиркиз.
Вага
Нежни парфеми со лесни ноти или некое добро парче облека со кое ќе го подноват гардероберот… Вагите кои се интелектуални и сакаат културни случувања особено ќе ценат добра книга или автобиографија на некоја позната личност.
Скорпија
Сензуалните Скорпии ќе се израдуваат на чипкана долна облека или некоја секси играчка. Сакаат и полускапоцени камења, особено оние кои имаат моќ за лекување.
Стрелец
Квалитетен и цврст куфер за патување или авионска карта на попуст е супер избор за авантуристичкиот Стрелец. Книга со инспиративни приказни или цитати или голема корпа со додатоци за пикник во природа.
Јарец
Најпрактичниот и најпродуктивниот знак обожава два типа на дијаметрално спротивни подароци: практични и луксузни. Ќе биде среќен со планер за работа или со дизајнерски часовник.
Сакаат подароци со кои лесно и едноставно ќе ги завршуваат работите, но истовремено да изгледаат модерно и убаво.
Водолија
Водолијата е иноватор, сака да истражува и да ги поместува границите, па добро би ги израдувал еден телескоп или барем билет за планетариум. Доколку им подарите сет за рачна изработка на производи и силиконски пиштол, ќе ја разбудите нивната страст за „Направи сам“ проекти.
Риби
Комфорни кадифени пижами, уред за музика кој може да го наполните со фин џез или други пријатни мелодии се идеални за Рибите.
Дополнително, ваучер за спа третман, или скап педикир ќе ги разгали, а може да дадете и донација во нивно име, бидејќи Рибите се алтруисти и емпатични и секогаш сакаат да помогнат.