Категории

ШТО ПРАВАТ ЖЕНИТЕ ДОДЕКА МАЖИТЕ ГЛЕДААТ ФУДБАЛ?!

Додека мажите гледаат фудбал, жените најчесто го прават она што ги забавува или ги развеселува, а се претпоставува дека една четвртина од жените за време на ЕУРО 2016 се забавуваат со некого?!?

Една четвртина од жените анкетирани на Gleeden, веб-платформа за поврзување на зафатени мажи и жени, признале дека преферираат да се забавуваат со некого додека партнерот гледа фудбалски натпревар.

„За време на Светското првенство во 2014 година, на Gleeden е забележан пораст на бројот на жените што го посетуваат овој веб-сајт за 71% повеќе од вообичаеното“, велат од Gleeden.

Жените се чувствуваат запоставено додека мажите се ревносно посветени на гледање фудбал, што е причина многу од нив во овој период да започнат афери.

Само 12% од жените рекле дека ќе гледаат ЕУРО 2016 со своите партнери, 34% планирале да го поминат тоа време со другарките, додека 27% изјавиле дека би си го посветиле тоа време себеси.

Кога станува збор за мажите што ќе отпатуваат во Франција да го следат „најважното споредно нешто во светот“, 76% од нив признале дека би било одлична комбинација покрај фудбалот уживаат и во некоја кратка афера.

Сепак голем процент од жените планираат да поминат време со другарките или сами со себе за време на фудбалските натпревари, па се наметнува прашањето – што е најважното споредно нешто во светот на жените?! Шопинг, шопинг и шопинг, се разбира!

Жените господарат со шопинг-центрите во секое време, но за време на натпреварите тие дури може и да завладеат со паричниците на мажите!

Иако фудбалот се перципира како машки спорт, најголемиот спортски спектакл ЕУРО 2016 сепак е комплетна забава за сите. Скопје сити мол и Кореа ауто трејд, официјален дистрибутер за Hyundai во Македонија, ги одбраа десетте финалисти што се борат за патување за двајца на финалето на ЕУРО 2016 во Франција, каде што ќе уживаат во највозбудливото спортско случување на денешницата, а можеби и ќе го зачинат својот љубовен живот во градот на светлината.

Другите сè уште можат да учествуваат во „Шут, гол, Сити мол!“, натпревар во лесни фудбалски вештини, и да освојат официјални маици, капчиња, ранци и чаши со кои страсно ќе навиваат на финалето на ЕУРО 2016 J

Прегледи:
473
Објавено на:
01.07.2016