Честа појава се кражбите на плажа, а што се краде најмногу?
На плажа сите сакаме да бидеме опуштени, среќни и насмеани. Затоа често знаеме повеќе да се опуштиме и да престанеме да обрнуваме внимание на околината, а токму тогаш стануваме лесна мета за крадците.
Иако крадците порано најмногу крадеа паричници и други вредни работи, овој пат се повеќе крадат клучеви од автомобил.
Крадците внимателно ги бираат плажите кои се наоѓаат покрај големи паркинг места, а потоа ги крадат клучевите од автомобилите. Бидејќи повеќето автомобили се отвораат централно преку далечински клуч, тие многу лесно може да го пронајдат возилото и да го отворат со клучот кој го украле.
Тие обично избираат скапи и луксузни автомобили и ги носат на скриени места каде ги растураат и ги продаваат нивните делови. На овој начин заработуваат големи суми на пари, а сопствениците забележуваат дека клучот од автомобилот им недостасува дури кога ќе сакаат да си заминат од плажата.
Затоа внимавајте на вашите клучеви и никогаш не ги оставајте вашите работи без надзор.
Така ќе имате убав одмор и ќе заборавите на стресот.