Категории

Што се случува кога заспивате со шминка на лицето?

На секоја жена и се случило, неколку пати (а може и повеќе) да заспие со шминка на лице – да заборави да ја избрише, или едноставно да нема баш време. Дерматолозите откриваат што се случува со кожата во ваква ситуација.

Д-р Мона Коара, професор по дерматологија на универзитетот Јејл, вели дека кожата го користи спиењето како можност за регенерација и одмор од денот – а шминката го отежнува ова.

„Навечер, клетките на кожата се трудат да се регенерираат, па оставајќи слој шминка креира бариера што доведува со запушени пори и акни.“

Ако ова ви се случи една ноќ, не е страшно, но ако ви стане навика, станува проблем што ќе биде очигледен на вашето лице.

Доколку ви се случи ова, следниот ден потрудете се да и надоместите на вашата кожа. Најпрво измијте го лицето со нежно средство наменето за ова, а потоа ексфолирајте ја кожата со четкичка, со цел да ги отстраните мртвите клетки. Исто така, дерматологот препорачува, ако сте во можност, да ја оставите тој ден кожата „гола“ без никаква шминка.

За да се одвикнете од заспивањето со шминка, докторите препорачуваат да ставите влажни марамчиња за отстранување на шминка до креветот – што ќе ве потстетат дека треба да ја извадите шминката пред да се „фрлите “во креветот.

Прегледи:
532
Објавено на:
16.01.2016