Категории

Што треба да знаете при употреба на течен туш за очи

Течниот туш или популарно наречен ‘eyeliner’ е една од најпопуларните козметички производи низ времето. Но неговата употреба понекогаш и не е така едноставна и забавна за повеќето дами. Ние ви откриваме се што треба да знете за течниот туш за очи и како тој да ви стане омилена алатка за убавина со која воопшто нема да имате потешкотии.

Се е до формулата на производот
Најлесни за употреба се тушевите во вид на маркер бидејки тие овозможуваат целосна контрола врз исцртувањето на линиите, но некои од нив пребрзо се сушат. Ви прдлагаме за почеток да ги исцртате очните капаци со маркер-туш а потоа линиите повторно да ги поминете со туш со мека четка којс ќе ви даде повпечатлив изглед кој ќе трае со часови.

Исцртувајте со отворени очи
Доколку сакате да избегнете грешки тогаш држете ги очите отворени и гледајте право во огледалото. Така ќе ја имате вистинската форма на вашето око, при нанесувањето не го влечете капакот.

Подлога
Многу е важно пред да го нанесете тушот вашите капаци да бидат жат зо цел да се избегне пресликување на производот што умее да го уништи целосниот изглед. Користете мат сенки, или пак доколку користите светкави и мрсни срнки, пред да ги нанесете ставете еден слој на пудра во прав врз очните капаци.

Прегледи:
420
Објавено на:
03.06.2017