Категории

Што треба секој родител да го научи своето дете пред пубертетот

Еден од најважните периоди за воспитување на децата е периодот пред да станат тинејџери.

Тоа се златни години во кои секој родител може да му помогне на своето малечко да изгради морал кој ќе му помогне во предизвиците и дилемите со кои ќе се среќава во животот.

Еве неколку нешта кои се многу важни за детето да ги научи пред својата 12-та години од животот.

1. Мудро да носи одлуки

Ќе го поштедите детето од проблеми така што ќе го научите дека е многу важно да размислува за секоја одлука која ќе ја донесе. Научете го да поставува прашања кои ќе му помогнат во донесувањето на добри одлуки.

2. Да разликува добро од лошо

Разговарајте со него за да научи што е добро, а што не. Важно е да ги опфатите и двете нешта бидејќи ако не знае што е лошо нема да знае ни што е добро.

3. За перспективата во животот

Во што вие верувате? Што сакате детето да научи за погледот на светот?

Тоа сигурно ќе слушне многу мислења па затоа е важно да се потрудите да ги споделите вашите со него.

4. За задоволството

Од задоволството произлегува радоста. Научете го да биде задоволно бидејќи без тоа нема да ја почувствува среќата.

5. Да ги сака другите

Љубовта спрема другите ќе го научи детето да ги стави своите потреби на страна, а туѓите пред себе. Учете го да биде чувствително, покажете му го тоа со сопствениот пример.

6. Да има трпение

Трпението ќе му помогне секогаш да направи добар избор.

7. Научете го да биде одговорно

Одговорноста е способност да постапи правилно. Помогнете му така што ќе му дадете поголема слобода во следните пет области како училиштето, комуникацијата, парите, социјалниот живот и домот.

8. Научете го да простува

Простувањето е важно бидејќи не прави среќни и ни нуди подобри односи со другите.

Научете го преку свој пример, во ситуација кога не е свесно дека треба да му простите вие направете го токму тоа. Децата учат преку примерите кои ги гледаат.

Прегледи:
549
Објавено на:
13.08.2016