За многу од нас, ова лето ќе биде незаборавно и посебно. Втората половина на јуни и јули ќе биде поволна, во најголем дел мирна за сите хороскопски знаци. Но, со почетокот на август започнуваат и важните одлуки на љубовно поле.
ОВЕН
Почетокот на август ќе биде најповолен за љубовен пресврт, но и во наредните месеци ќе имате многу пријатни љубовни изненадувања. Не ги игнорирајте знаците и тактизирајте.
БИК
Биковите кои се во врска може да очекуваат складни односи без поголеми турбуленции. Они кои сеуште се во потрага по својата сродна душа ќе имаат успех доколку се потпрат на сопствената интуиција и ако превземат сами иницијатива.
БЛИЗНАЦИ
Јули е месецот кога ќе бидете особено привлечни за другите, а многу врски ќе процветаат токму овој месец. Ќе бидете весели и безгрижни. Младите близнаци многу лесно ќе ја пронајдат љубовта.
РАК
Во текот на јули, за припадниците на овој знак се препорачува релаксација за да не делувате вознемирувачки кон саканата личност. Ќе имате голема енергија, но ќе претерувате со активностите. Затоа пак, август за вас ќе биде мирен месец и поволен за љубов, а вие многу привлечни за сите околу вас. Во септември ќе ви се зголеми самодовербата.
ЛАВ
Ова лето за вас ќе биде важно во секој поглед, па така и во љубовта. Нема ништо да ви недостасува, ќе бидете задоволни, но одвнатре ќе чувствувате дека за вас доаѓа набргу некоја промена.
ДЕВИЦА
Можни се мали грешки доколку премногу ја анализирате настанатата ситуација. Важно е од старт да имате јасна цел и да ги одржите вашите односи со партнерот чисти. Затоа, доколку чувствувате некој сомнеж како неискреност, дали од ваша страна или пак од партнерот, тргнете ја настрана паранојата и отворете го срцето за доверба. Доколку успеете во ова, ќе бидете среќни цело лето.
ВАГА
Јупитер во вашиот знак ќе има добро влијание цело лето и ќе пливате во море од добро љубовно расположение. Ќе бидете отворени, љубезни, подготвени да делите и за заеднички живот. На вашето љубовно небо, не ве очекува лош пресврт.
СКОРПИЈА
Пред вас е пријатно и мирно љубовно лето. Тешко дека било што ќе може да го наруши вашиот љубовен мир, но доколку сте сеуште сами, работите ќе се одвиваат чекор по чекор, темелно и стабилно.
СТРЕЛЕЦ
Многу припадници од овој знак ќе имаат чувство дека сите ги заборавиле, но не е така. Во првата половина од летото ќе изостанат посакуваните сензации, но нема да се случи ништо лошо на приватно поле. Вториот дел од летото ветува многу повеќе, но навеќе поради тоа што самите ќе се отворите за љубов. Не заборавајте, од вас зависи какво лето ве очекува.
ЈАРЕЦ
Ве очекува период исполнет со немири и стрес, но доколку тоа го искористите како можност за расчистување и уште повеќе да ги зацврстите односите, ќе излезете како победник од ситуацијата. Важно е само да се воздржите од нагли реакции и да издржите, а вие тоа најдобро знаете како. Останатиот дел од летото ќе биде се подобар со секој изминат ден. Уживајте!
ВОДОЛИЈА
Летото ќе ви започне релативно мирно, но од 21 јули, меѓусебните односи со партнерот ќе се искомплицираат. Неопходно е да научите да балансирате и да толерирате. Тоа ќе потрае до 21 август, а потоа ќе ја затворите таа фаза од животот и ќе започнете нова.
РИБИ
Тешко дека било што ќе ве извади од колосек кога станува збор за љубовниот живот. Ве очекуваат периоди со многу пресврти на љубовен план, но секогаш кога некој ќе си замине од вашиот живот, ќе се појавува друг кој ќе ве штити. На вас преостанува да уживате и да земете се што ви се нуди. Најважно од се е да ги наполните батериите за почетокот на есента.