Категории

Што велат ѕвездите за најљубовната недела во годината?

Претстои една среќна недела во однос на љубовта, така барем велат ѕвездите. Имено според ѕвездите Сонцето и Сатурн ќе имаат главна заслуга за романтиката која ќе се чувствува и во воздухот. Што ве очекува во неделата на вљубените, видете во љубовниот хороскоп.

Еве каква љубовна недела ги очекува хороскопските знаци:

Овен
Вашиот љубовен живот оваа недела ќе биде вистинска авантура. Можно е омилениот човек да ве покани да истражувате нови територии, било да е тоа на физичко, интимно или интелектуално ниво. Некаков курс, семинар или одмор во странство, ќе се меѓу плановите на голем дел од овните. Сè ќе оди хармонично и ќе ве зближи уште повеќе.

Бик
Иако седмицата не започнува премногу романтично за вас имајќи го предвид празникот на вљубените, ќе бидете задоволни од љубовта. Убаво е да се знае дека може да сметате на саканиот/ата. Неговата / нејзината љубов е силна, тој / таа зрачи стабилност и токму тоа ве тера да се чувствувате сигурни.

Близнаци
Врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе ги прошират своите хоризонти и тоа ќе ја зајакне нивната врска. Ќе сакате да патувате, некои од вас дури и ќе ја реализираат желбата. Ова ќе ви помогне да го/ја откриете саканиот/ата и ќе се зајакне односот помеѓу вас.

Рак
Ќе треба да донесете било каков важна одлука заедно со партнерот. Можно е да е поврзано со финансиите, некоја инвестиција, но може да се испостави и да поддржите некого финансиски. Каква и да е, одлуката ќе треба да ја донесете двајцата заедно. Не заборавајте да се занесете и во романтика.

Лав
Оваа недела љубовниот живот сигурно ќе биде водител. Денот на вљубените нема да ви мине и ќе се занесете во романтика, но и ќе испратите големи ветувања еден кон друг. Ќе поразговарате било какви интимни прашања и тоа ќе ве зближи уште повеќе. Можно е да посетите и семинар, курс или да купите литература на интересна за вас тематика. Ве очекува убава недела.

Девица
Врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе се справат со некој финансиски проблем. Ќе треба брзо да донесат некакво решение. На крајот на оваа недела повторно ќе имаат можност да се фокусираат на врската и односот. Времето поминато со партнерот и споделување на соништа ќе биде главен приоритет.

Вага
Духовната врска помеѓу вас и партнерот ќе ја зголеми страста во спалната соба. Ќе имате желба и можност да разговарате долго. Ќе се радувате и на Денот на вљубените и ќе дошепнете мили зборови на саканата. Или општо земено ќе ги стабилизирате односите со партнерот.

Скорпија
Канцелариска романтика ќе ги стопли срцата на некои од претставниците на знакот Скорпија. Вие и предметот на вашите желби ќе почнете да зборувате отворено за секс. Оние од вас кои се сериозно врзани ќе преземат некаква активност со партнерот. Ова може да е посета на некој семинар, курс или да започнете да вежбате заедно.

Стрелец
Во оваа недела Меркур ќе биде во поволна позиција кон Марс, кој во моментов е во вашиот сектор на вистинската љубов. Како резултат на тоа вие и партнерот ќе уживате во секс ѓаволштини. Ќе бидете отворени да експериментирате во спалната, да ги споделите повеќе со саканата вашите желби. Ве очекува една навистина љубовна недела.

Јарец
За родените во знакот  Јарец неделава ќе започне со некаков напон и тоа ќе им остави малку време за безгрижни романтични ѓаволштии со саканата. Во оваа недела ќе дознаете дека може да сметате на партнерот, особено кога хаосот во секојдневниот живот треба да биде совладан. А, сепак не заборавајте дека оваа недела е недела на љубовта. Уживајте во нејзиниот максимум.

Водолија
Поддршка од својот партнер можат да очекуваат и врзаните Водолии. Тој или таа ќе ви помогне да се постигнат некои од своите цели и да се развиваат најбрилијантните идеи. Вие од своја страна исто така ќе покажете загриженост кон саканата. Тоа само ќе ја направи љубовта меѓу вас посилна.

Риби
Неделата е погодна за дискутирање на важно прашање со саканата, која не трпи одлагање. Како резултат и двајцата ќе почувствувате олеснување. Ова ќе ја зголеми и интимноста помеѓу вас. Ќе разговарате без страв, ќе ги споделите своите желби и страсти.

Прегледи:
387
Ознаки:
·
Објавено на:
13.02.2017