Категории

Сигурни знаци дека ТОЈ сака сериозна врска со вас

Како да бидете сигурни дали неговите чувства спрема вас се вистински и тој всушност сака сериозна врска со вас?

Не сакате прерано да донесувате заклучок за тоа дали тој сака сериозна врска или не? Разбирливо.

Кога ќе почнете да чувствувате пеперутки во стомакот спрема некого, многу е веројатно дека своите чувства ќе ги проектирате и на другата личност, односно да сметате дека и таа чувствува исто, иако баш не е секогаш така. Како да бидете сигурни дали неговите чувства спрема вас се вистински и тој всушност сака сериозна врска со вас?

Пронаоѓа време за вас
Притоа не мислиме на она време кога ќе ви се јави во 3 часот наутро и ќе ве праша дали да наврати да се мазите набрзина. Исто така не е ни во прашање она време кога тој мора да го провери својот распоред во текот на неделата за да идзвои 5 минути за вас. Мислиме на тоа дека е подготвен да реорганизира се со цел да биде со вас.

Ве запознава со важни луѓе од својот живот
Личноста која со вас не сака сериозна врска ќе ве однесе во ресторан, на скапи патувања, хотели, но никогаш нема да ве повика на обична скара во дворот која ја организира неговиот најдобар пријател. Исто така, доколку константно поминувате време во затворени простории, голема е веројатноста дека вие не му сте единствена опција и дека сака да избегне средба со другите девојки со кои се гледа повремено. Мажот кој во својата иднина ве гледа вас покрај себе никогаш нема да ве крие и ќе биде среќен што сте покрај него.

Ве води на своите омилени места
Мажите се специфични по прашање на местата кои им се допаѓаат. Уште да споменеме дека и се себични во поглед на делење на местата кои им се важни со другите луѓе. Ако навистина се грижи за вас и му значите, тој ќе сака да ги посетува своите омилени места заедно со вас. Ќе ве води на омилените плажи, на местата кои ги посетувал како дете итн.

Покажува иницијатива
Ако вие сте таа која секогаш ги планира заедничките средби и интимни мигови, таквата врска сигурно нема иднина. Меѓутоа, ако во еднаква мера и тој се труди да биде иницијатор, да не остава се на вас, големи се шансите дека се грижи за тоа како врската функционира. Ако секогаш кога ќе се разбудите ве очекува порака за добро утро, ако ве изненадува со букет цвеќе без некој повод, ако ве бакнува кога ќе се сретнете, а поминале само неколку часа откако сте се разделиле, знајте дека вистински се грижи за вас.

Прегледи:
686
Објавено на:
18.09.2020