Категории

Сигурни знаци кои докажуваат дека вашиот партнер пати за бившата девојка

Ако ја споменува често, ако ве споредува со неа, пие од шолјата која таа му ја подарила, сѐ уште чува слики на кои е со неа, бидете сигурни дека сѐ уште не ја преболел.

Доколку сте во врска со некој кој „свежо раскинал“ обрнете внимание на следните сигнали кои укажуваат на тоа дека тој сепак не ја преболел старата љубов.

Често ви зборува за бившата девојка
Тоа што ја споменува својата бивша девојка одвреме навреме можеби и не е голем проблем и немојте да бидете љубоморни, тоа е природно бидејќи со неа поминувал време пред да ве запознае вас, но ако се случува често и тоа во секојдневните разговори, знајте дека таа и понатаму му е во срцето.

Постојано ве споредува со неа
Споредувањето со бившата може да се толерира во првите денови од врската, но доколку тоа се продолжи и после месец дена, тоа претставува сигнал дека во вашиот однос нешто не штина. Исто така, реченицата како „ти готвиш сто пати подобро од неа“ може да ви ласка но споредувањето со бившата никогаш не е пожелно.

Таа и понатаму му е најдобра другарка  
Секако дека нема да му приговарате ако со бившата задржал пријателски однос, но ако добрите вести прво ги споделува со неа и често се гледаат на пијалок после работа, време е да се загрижите.

Ги чува нејзините подароци
Ако и понатаму спие во маицата која таа му ја подарила за роденденот, пие утринско кафе од шолјата која таа му ја донела од патување, во собата сеуште чува фотографија со неа и не сака да ја тргне и после вербалната интервенција со вас, време е да му кажете „Збогум“.

И понатаму е во одлични односи со членовите од нејзиното семејство
Редовен гостин е на прославите на членовите на нејзиното семејство, како и на вечерите кај нејзината мајка? Колку и да ви се допаѓа, ќе признаете дека ова воопшто не звучи во ред, и треба да се загрижите ако планирате сериозна врска со него.

Прегледи:
936
Објавено на:
19.06.2020