Категории

Силна и доминантна колекција на Givenchy за пролет 2018

Британската дизајнерка Clair Waight после објавувањето на интересната кампања “Transformation Seduction” ја претстави пролетната колекција на париската модна недела. Новата колекција е инспирирана од силуетите кои ги креираше создавачот на модната куќа, Hubert de Givenchy.

“Мажествените” надраменици, впечатливите принтови и гламурот на високо ниводѓ доминираа на модната писта, а најголем впечаток оставија мотивите од 1961 година и 1981 година кои ја збогатија структурираната силуета на модните парчиња. Коцкестите јакни, плисираните здолништа и асиметричните кроеви без главните аспекти во колекцијата.

Што се однесува до обувките, дизајнерката се фокусираше на каубојските чизми со метални детали на предниот дел кои додадоа кул нота на целокупните стајлинзи.

Прегледи:
780
Објавено на:
03.10.2017