Категории

Синдромот „Мадам Бовари“ станува се почест: Идеализација на љубовта која доведува до психичко пореметување

Луѓето со овој синдром имаат тенденција да ги идеализираат љубовните односи, имаат проблеми со напуштање или недостиг на љубов во детството.


Синдромот „Мадам Бовари“ е пореметување во начинот на однесување кој е дефиниран после појавувањето на романтичниот роман во 19 век.

Потрагата по „совршена љубов“ секогаш се завршува со реалистичната перцепција на односите. Синдромот „Мадам Бовари“ е психопатологија која филозофот Гиле де Гутиер прв пат ја опиша во 1892 година во својот есеј основан врз книгата Мадам Бовари во која се зборува за главниот лик – Еми. Тој кажува дека совршениот стереотип за личност со она што го нарекува „хронично афективно незадоволство“.

Госпоѓата Бовари е ремек-дело на реализмот по реалистичната книжевна доктрина (студија на карактери, анализа на чувства, избор на поединци) по совршен стил и по морална поука. (Ема Бовари прикажува дух на цела една епоха, а не само на уништена жена од романтично сонување).

Темата на делото е празнотијата во бракот и малограѓанската средина. Чарлс Бовари е селски лекар и вдовец кој се жени за милата девојка Ема Руо. Ема е ќерка на моќен селски господин. Раната младост и школовањето ги поминала во манастир каде крадешкум чита забранети романтични и љубовни романи кои ја побудуваат нејзината фантазија. Од бракот очекува остварување на своите романтични соништа, среќа, мир но набрзо се прашува: „Господе, зошто се омажив?“. Нејзиниот дух тежнее кон неоствареното.
Таа набрзо наоѓа два љубовници а нејзиниот однос спрема нив е посесивен, љубоморен и зависен. Соочена со напуштањето на двата љубовните, таа на крајот се самоубива така што испива арсен.

Луѓето со синдромот „Мадам Бовари“ не знаат како да бидат сами. Живеат со идеата дека идеалниот маж ќе дојде и ќе им го промени животот, секојдневната рутина и проблеми. Кога ќе напуштат еден однос, тие веднаш почнуваат нов. Нивната единствена цел е да пронајдат личност како онаа од романтичните книги, емисии и филмови. Ја идеализираат личноста на тој начин што е невозможно нивното мислење и очекување да биде променето.

Тие се причините поради кои тие чувствуваат потреба да го привлечат вниманието на својот партнер. Чувствуваат опсесија и љубомора. Специјалистите ја проценуваат оваа состојба како дијагноза која треба да биде излечена со помош на специјалисти. Таквите личности се сметаат за опасни поради својата неконтролирана опсесија.