Категории

Сингапурскиот аеродром е еден од најзабавните: Погледнете зошто! (ВИДЕО)

Аеродромите, како што е познато, не се најзабавните места во светот. Меѓутоа, еден од најдобрите аеродроми во Сингапур, аеродромот Чанги се обидува да го промени тоа.

Овој огромен современ аеродром има нешто што го нема ниеден друг во светот – неколку огромни тобогани. Еден, кој од неодамна се наоѓа на Терминалот 4, стана хит на социјалните мрежи.

Ова не е првиот тобоган на аеродромот Чанги. Вториот, уште поголем, висок 12 метри, се наоѓа на Терминалот 3. Тобоганот, поради својата висина, поминува низ четири спрата, од прво па до -3 ниво.

Меѓутоа, спуштањето по овие тобогани не е бесплатно. Патниците, претходно мора да потрошат најмалку 10 долари во некој од аеродромските ресторани или продавници, што со обзир на цените на аеродромите и не е воопшто тежок подвиг.