Категории

Синот на Бекамови вели тато се подготвува 10 минути, а мама 10 часа

Круз Бекам се пошегува на сметка на својата славна мајка Викторија велејќи дека и требаат часови за да се подготви пред излегување, но дека таткото Дејвид може да се облече и да биде спремен за излегување за само 10 минути.
Единаесетгодишниот Круз, кој во средата го претстави својот деби сингл “If Еvery Day Was Christmas”, учествуваше во играта „Mr and Mrs Becham“, во која зборуваше за неговите родители.
Запрашан кој од нив двајца подолго се припрема за излегување надвор, малиот Круз за „Capital FM„ рече: „100 проценти мајка ми. Татко ми е готов за 10 минути, на мајка ми ѝ требаат околу 10 часа.“
Тој додаде исто така додаде дека Викторија може да каже безобразен збор или лоша шега, но дека Давид се срами и од првото и од второто.
Говорејќи на радио, синот на Дејвид и Викторија ја откри неговата љубов за Покемон, но призна дека тој морал да престане да ја игра многу популарната игра.

“Татко ми ме натера да престанам, бидејќи кога бевме во автомобилот јас велев оди лево, оди десно”.

Извор : Макфакс

Прегледи:
345
Објавено на:
10.12.2016