Категории

Сите гледаа во нејзините чизми: Сандра Булок сликана во модел кој совршено прилега со сè!

Холивудската актерка облечена во едноставна облека која добро прилега на секоја жена

Сандра Булок го привлече вниманието на минувачите и папараците кои ја фотографираа додека излегуваше од една зграда во Беверли Хилс.

Холивудската актерка за извршување на своите дневни задолженија избра црно миди здолниште со ситна бела шара и удобен црн џемпер.

Таа комбинацијата на фустанот ја зачини со црни чизми со врвци.

Лакованиот модел на чизми кој потсетува на пофина варијанта на популарните мартинки е секако избор кој го крева целиот стајлинг и му дава шик допир.

Таа ја заокружи својот аутфит со црна ташна и очила со впечатлива црна рамка.

 

Прегледи:
397
Објавено на:
28.12.2019