Популарниот актер Крис Нот (63) кој не воодушевуваше со својата улога во серијата „Сексот и градот“, важеше за голем заводник.
Но, денес е речиси потполно непрепознатлив. Имено, тој е фотографиран на плажа во Мајами, а неговиот запуштен изглед ги шокирал минувачите.
Иако многумина очекувале да го видат во одлична физичка форма, кај Крис останала препознатлива само неговата насмевка, а по неговото тело очигледно е дека одамна заборавил на теретаната.