Категории

„Сите идеали на овој свет не вредат ниту една солза на дете“: Цитати на Достоевски кои ќе ве замислат!

Прочуениот руски книжевник Фјодор Михајлович Достоевски роден е на 11. ноемви 1821 година. Тој е роден во Москва и е еден од најпознатите претставници на реализмот во европската книжевност. Тој оставил огромна трага врз руската и светската книжевна сцена.

 

Најпознати дела на овој писател се „Злосторство и казна“, „Браќата Карамазови“, „Идиот“, како и многу други.

Во еден момент Достоевски се осуден дури и на смртна казна поради своето делување против тогашната власт, но таа казна подоцна е преиначена во казна од осум години тешка работа.

Имал проблеми со коцкање, поради што честопати бил во долгови. За да ги исплати долговите, напишал некои од своите најпознати дела како што се „Злосторство и казна“ и „Коцкар“.

Бил оженет со Мариа Исаева сѐ до нејзината смрт, која многу тешко ја поднел и тоа е причината за неговата депресија.

Умрел на 9. февруари 1881. година во Санкт Петербург.

Ова се некои од неговите најпознати цитати:

  1. Сите идеали на овој свет не вредат ниту една солза на дете.
  2. Лажењето е единствена привилегија на човекот која ја немаат другите организми.
  3. Да сакаш некого, значи да го гледаш онака како што Бог го замислил.
  4. Тајната на човечкиот живот не е во тоа само да се живее, туку зошто се живее.
  5. Човекот е склон кон набројување на своите неволји, но никогаш не ги набројува своите радости. Кога би ги набројал онака како што заслужуваат, ќе увиди дека има доволно среќа во животот.
  6. Да се направи првиот чекор, да се каже нов збор е она од што луѓето најмногу се плашат.
Прегледи:
927
Објавено на:
14.11.2021