Овие денови на социјалните мрежи се шири една убава иницијатива која вреди да ја споменеме:
Имено, семејството на Ељиф Елмас има слаткарница (а подоле после поштата во Автокоманда имаат и бурекџилница).
Во иницијативата која кружи на фејсбук се наведува:
„Ако прават слатки и бурек како што Елиф игра фудбал, како да ви кажам, очекувам спектакл! И најмалку што може да се стори како благодарност за семејството на овој наш драгуљ е да се испоштоваат тие вредни, талентирани создавачи на царот Елиф, кој заедно со Енис, Столе, Висар, Тихомир, Александар и сите останати момци од оваа генерација ветуваат невидени ќеифови за нас години и години во иднината. Бидејќи играат со срце, играат како еден, играат за МАКЕДОНИЈА!
Епа, се гледаме на гурманлук“.
Слаткарницата може да ја најдете на овој ЛИНК.