Тоа е можеби тајната на нашето постоење, да се пронајдеме себеси во некој друг.
Понекогаш погледите се спојуваат и во нив како да се вкрстуваат некои компатибилни светови. Имате чувство како веќе да ги познавате тие луѓе, го пронаоѓате истиот спектар на чувства и поврзани сте со илјада невидливи нишки. Нишки на сите мисли кои поминуваат низ вашата глава, чувства кои сте ги поминале и потреби кои се наоѓаат во секој од нас.
Затоа понекогаш се чини дека не се потребни зборови, дури и тишината има смисла со тие луѓе. Затоа велат заљубените не зборуваат многу, пријателите се прифаќаат едни со други и со сите грешки кои ги прават, затоа што ја знаат вистинската позадина и знаат каква е душата на таа личност.
Затоа понекогаш сме си чудни и самите на себеси, донесуваме одлуки кои ни делуваат апсурдни но се всушност вистинскиот избор. Копнееме по близината на луѓе кои се потполна спротивност од нас, но чувствуваме нешто толку блиско со нив, речиси идентично.
Постојат некои невидливи нишки со кои сме поврзани со одредени луѓе. Некои ќе речат дека тоа се сродни души, или две срца кои бијат како едно, можеби сето тоа делува како фантазија но всушност е реално. Тоа е она кое понекогаш не може да се објасни, само едноставно постои и се чувствува. Тоа е можеби тајната на нашето постоење, да се пронајдеме себеси во некој друг.