Категории

Сите ние сме различни луѓе – Но во тагата и во среќата секогаш сме исти

Следниот пат кога ќе се најдеш себеси на јавно место, помисли дека секој околу тебе страдал поради нешто…

Следниот пат кога ќе се најдеш себеси на јавно место, помисли дека секој околу тебе страдал поради нешто. Секој еднаш го достигнал дното на својот живот, секој бил исплашен, поразен.
Сите еднаш се чувствувале беспомошни и слаби, несигурни, осамени.

Секој еднаш чувствувал како никој да не го разбира, посакал да постои некој кој ќе го слушне, ќе го види, ќе го прегрне толку цврсто..
Но исто така, секој од нив некогаш се смеел толку силно, чувствувал толкава среќа што мислел дека срцето ќе му експлодира. Секој сакал некого толку многу што бил подготвен да ризикува се.

Секој од нас е многу повеќе човек отколку што мислиме, секој од нас наликува еден на друг, затоа што во тагата и во среќата – секогаш сме исти.

Прегледи:
1019
Објавено на:
27.09.2020