Категории

Сите „полудеа“ по овој пијалок кој е замена за кафето, а кога ќе видите зошто и вие ќе го пиете

Златниот пијалок кој го окупираше Инстаграм оваа година не е скромна шолја топло кафе, туку пијалок од куркума во кој се колнат многу холивудски убавици како Гвинет Палтроу.

Гугл врз основа на многу трендови ја идентификуваше куркумата како „ѕвездена“ состојка за 2016 година, а нејзиното споменување во претрагите пораснало за 56 отсто во однос на минатата година.

Што е всушност овој златен пијалок во кој се колнат вљубениците во здравиот живот и дали е добар за нас?

Својот метеорски успех, куркумата им го должи на многуте здравствени предности кои ги нуди.

Куркумата како лек во Јужна Азија се користи 4.000 години и ширум светот луѓето го додаваат во јадењата со ориз како зачин.

Меѓутоа, овој пијалок од куркума не само што има лековити и антивоспалителни својства, туку всушност е и одлична замена за кафето, а постојат многу начини на кои може да се подготви.

Еден од најголемите заговорници на здравствените предности на куркумата е Гвинет Палтроу која својот пијалок го подготвува од бадемово млеко, ѓумбир, шеќер и кокосово масло.

Други препорачуваат користење на разни видови на млеко, а дополнително богатство на вкусот му дава и додавање на мед.

Иако мелената куркума се користи во подготовка на многу јадења и сосови, сега овој пијалок се користи како антиоксиданс и поради своите антивоспалителни и антиканцерогени својства.

Еве како да го подготвите својот чудесен пијалок од куркума:

Најдобро би било да користите исушен корен од куркума, но подеднакво добра алтернатива е и правот кој ќе го додадете во млеко и ќе ја оставите целата смеса да зоврие. После тоа, додадете го млекото и медот и измешајте. Како додаток за подобар вкус можете да користите и цимет и ѓумбир.

Прегледи:
650
Објавено на:
08.06.2016