Категории

Сите употреби на маслото од лаванда кои ќе ги надминат вашите очекувања

Ништо не е поделотворно во отстранувањето на стресот од неколку капки мирисно масло од лаванда

Употребата на маслото од лаванда може да ги надмине вашите очекувања. Тоа не е само есенција која ја додавате во вашито дифузер за да го исполни со пријатен мирис просторот во кој престојувате. Повеќенаменското масло од лаванда се користи со векови наназад а денес ви откриваме на кои се начини.

Лечење несоница
Несоницата е тежок проблем кој во модерниот свет ги погодува голем број од луѓето. Неодамнешните студии откриваат дека мирисот на лаванда во голема мера го подобрува квалитетот на сонот, правејќи го потполно природен лек за несоница кој може да се користи неограничено.
Маслото од лаванда го опушта нервниот систем и на тој начин на организмот му помага полесно да потоне во сон.

Делува во борбата против акните
Антибактериски и антимикробните својства на маслото од лаванда помагаат во лечењето и смирувањето на акните. Ако го искомбинирате маслото од лаванда со арганово или кокосово, големи се шансите дека ќе дојде до значително подобрување на вашата кожа. Тоа ги смирува акните и иритациите на кожата и го намалува црвенилото.

Ублажува хиперпигментација
Уште една предност на маслото од лаванда е тоа што ефикасно се бори со хиперпигментација. Линалил ацетат е соединение кое се наоѓа во лавандата а докажано е дека ја подобрува состојбата на кожата.

Помага при изгореници од сонце
Доколку сте се изложувале премногу на сонце и сега чувствувате болно затегнување и пецкање на кожата, маслото од лаванда може да ви помогне. После туширање на сува кожа нанесете комбинација од неколку капки масло од лаванда и кокосово масло.

Може да се користи како антиперспирант
Ако ви се потрошил дезодорансот и не сте во прилика да отидете во маркет и да земете, не паничете доколку имате масло од лаванда на дофат. Неколку капки масло од лаванда под пазувите ќе ви завршат работа и освен тоа ќе мирисате преубаво.